Адриана Лима беше фотографирана на аеродромот во родниот Бразил, а нејзиниот изглед и модната комбинација го привлекоа вниманието на присутните.
Адриана Лима и покрај тоа што живее во Лос Анџелес, го користи секој слободен момент за посета на родниот Бразил, а овој пат папараците ја фотографираа на аеродромот во Сао Пауло.
Познатата манекенка за патувањето одбра удобна модна комбинација – широки пантолони и црно сако. Лима своето модно издание го комплетираше со црни патики, додека косата ѝ беше врзана во опашка со плетенка.
Потсетуваме по третата бременост, Адриана Лима имаше голем проблем со вишокот килограми, поради што се соочуваше со негативни коментари. Многумина се прашуваа дали манекенката некогаш ќе успее да ја врати старата линија, а кога се појави во потполно ново издание повторно ја критикуваа.
Лима ослабна и сега изгледа помладо од кога било, но малициозните луѓе пак почнаа да ја критикуваат поради прекумерната употреба на ботоксот, на што таа одговори кратко: „Ви благодарам што се грижите“.