Пејачот Енрике Иглесијас, кој е во брак со поранешната тенисерка Ана Курникова, на социјалните мрежи објави шокантно видео во кое страсно се бакнува со обожавателка во Лас Вегас.
Иглесијас е во брак со Курникова повеќе од 20 години, а е снимен како се бакнува и прегрнува со обожавателка, дозволувајќи ѝ да направи и селфи од страсниот бакнеж. Неговите телохранители беа неми сведоци на настанот, а Иглесијас снимката ја објави на Instagram и предизвика загриженост и чудење кај обожавателите.
„Како Ана го дозволува ова? Која е оваа? Жал ми е за неговото семејство што ќе го види ова“, се само дел од коментарите.
Ана и Енрике се заедно од 2002 година, а се запознаа во текот на снимањето на спотот за песната „Escape“. Брачната двојка има три деца.