Се појавија први снимки од местото каде што загина Коби Брајант

by Тони Зографски

Спортскиот свет вечерва се соочи со шокантната вест за загинувањето на еден од најголемите кошаркарски имиња на сите времиња, Коби Брајант, кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес.

Тој се возел во својот приватен хеликоптер, а според очевидците тој експлодирал веднаш кога го допрел тлото. Заедно со Брајант загинале уште четири, засега неидентифицирани лица, меѓу кои не е неговата сопруга Ванеса, барем според пишувањата на американските медиуми.

Сведочењата на пожарникарите кои прво пристигнале на местото на падот се дека сцената била ужасна, а им требало време додека успеале да го скротат огнот. Засега нема други детали околу несреќата во Калабалас (Калифорнија), а полицијата веќе го загради местото и бара докази што всушност се случило.

https://twitter.com/i/status/1221522226505306117

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com