Веста дека иконскиот дизајнер Валентино почина означи крај на една ера, а таа ера беше обележана со дефиницијата за гламур на 20 век.
Валентино со црвената боја и безвременски фустани, ги маѓепсаа Одри Хепберн и Џеки Кенеди, но и денешните модни икони како Гвинет Палтроу и Џулија Робертс. Принцезата Дајана исто така изгледаше величествено во своите модели, со кого имаше пријателство, што беше вообичаено за Гаравани.

Тој лесно би се спријателил со оние што ги носеле неговите модели, па затоа не е изненадувачки што синоќа бројни обожаватели и пријатели, од Клаудија Шифер до Синди Крофорд, се збогувале со големиот креатор на социјалните мрежи.
Принцезата Дијана неколку пати јавно носела фустани од Валентино, а со познатиот дизајнер се дружека и зад камерите. Така, во септември 1990 година, таа престојувала на неговата приватна јахта „T.M. Blue One“. Бродот е именуван по иницијалите на родителите на иконскиот дизајнер, Тереза и Мауро.
Вака е создадена сега незаборавната фотографија од принцезата Дијана, а светот ја виде таа слика неколку децении откако беше снимена, во 2020 година, додека се емитуваше драмата на Нетфликс „Круната“, инспирирана од британското кралско семејство.

Се чуваше во тајност сè додека на Инстаграм не ја објави Џанкарло Џамети, коосновач и почесен претседател на модната куќа Валентино, кој прво бил љубовен партнер со Валентино Гаравани, во текот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, за да бидат најдобри пријатели. А пријателството траело до смртта на Валентино.
Тој објавил две фотографии од Лејди Ди во црвени фустани, слика од неа со Дијана и Валентино, како и фотографии каде принцезата позира во костим за капење, во друштво на дизајнерот и принцот Кирил од Бугарија и неговата поранешна сопруга Росарио Надал, која билаа муза на познатиот дизајнер.

