На овогодишната модна недела во Париз, близначките Шенон и Шанеид Клермон беа атракција.
Како што коментираат многумина, судејќи по тоа што го облекле, подобро би се вклопиле во стриптиз клуб отколку на еден ваков престижен моден настан.

Покрај нивните фотографии кои се појавија на сите социјални мрежи, многумина во коментарите напишаа дека содржината е за 18+!
Шенон и Шанеид Клермонт се дизајнерки и познати ТВ лица, а за ревиите на познатите брендови Mugle и Gaurav Gupta на Модната недела во Париз избрале координирани креации, целосно проѕирни модели кои ги покажаа вградените силикони во полн сјај и големина!

За да не покажат сè, сепак ги покриле брадавиците со златни „штитови“. Проѕирните креации ги откриле тангите и раскошните облини на овие 28-годишни жени.