Изминатиов период на социјалните медиуми се појавија лажни профили од ликовите на ТВ серијата Преспав, информираат од ОХО продукција.
„ОXО Продукција, како единствен носител на авторскте права на авторскте права на Преспав, се оградува и ги осудува овие злоупотреби и ги презема сите правни дејства со цел да ги спречи ваквите злоупотреби и да го заштити своето авторство врз серијата.
ОХО Продукција изрично забранува неовластено користење на сите содржини кои ги претставуваат, произлегуваат или на било каков начин се поврзани со ликовите, дејствијата, имињата и другите авторски содржини на ТВ серијата ПРЕСПАВ.
Со почит, ОХО ПРОДУКЦИЈА“, се вели во соопштението.