Рускиот епидемиолог Александар Семјонов, заменик директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија – Пастер, во Санкт Петербург, бил дел од тимот руски доктори во Бергамо, жариштето на коронавирусот во Италија.
Семјонов неодамна се вратил од Италија, каде што забележал дека клиничката слика на инфекцијата коронавирус кај европската популација изгледа поразлично отколку кај кинеската популација.
Тој смета дека европските доктори во една мера ги успорило да делуваат навреме и ги однело на погрешна трага, тоа што од старт епидемијата ја воделе исклучително потпирајќи се на кинеското искуство и тамошните податоци за влијанието на короната на човечкиот организам.
Напоменал дека во Европа болеста се манифестира на поинаков начин.
„Она што овој вирус го разликува од повеќето други респираторни вируси е прво, неговата способност да инфицира различни органи и органски системи во нашето тело. Не се погодени само респираторниот тракт, туку и бубрезите и црниот дроб, и нервното ткиво и гастроинестиналниот тракт“, рекол Семјонов, нагласувајќи дека вирусот многу делува врз нервниот систем.
Исто така, според Семјонов, италијанското искуство помогнало да сфатат колку се ефикасни поедини тераписки режими.
„Пред тоа во основа сите се водеа според кинеското и корејското искуство, каде е силна традиционалната медицина и тешко е за нас во Европа да се навикнеме“, објаснил тој.