Меган Маркл (44) доживеа мала „хаварија“ на Париската недела на модата. За време на средбата со познатиот италијански дизајнер Пјерпаоло Пичоли, обидот за пријателски бакнеж во образ се претвори во несмасна ситуација која веднаш стана вирален хит.
Инцидентот се случил по ревијата на модната куќа „Баленсијага“, каде што Пичоли, досегашниот креативен гениј зад „Валентино“, дебитираше како нов креативен директор. Војвотката од Сасекс, која беше воодушевена од неговата прва колекција, пришла да му честита.
На снимката се гледа како Меган се наведнува за да го бакне во образот, но во истиот момент, и тој се наведнува кон неа. Резултатот беше несмасен судир, каде што, наместо бакнеж, таа со носот удрила директно во неговите очила за сонце. Свесен за комичната ситуација и за присуството на камерите, Пичоли професионално се насмеал, ја фатил за рака и ја привлекол кон себе за да позираат заедно пред фотографите.