Музичката дива Ријана (35) и раперот АСАП Роки го добија својот втор син, потврди американскиот портал ТМЗ. Приновата во семејството на познати музичари пристигнала на 3 август, но дури сега е официјално потврдено.
Името на новородениот син сè уште не е откриено, но се вели дека започнува со буквата „Р“, како и името на постариот брат. Да потсетиме, Ријана и АСАП својот прв син го нарекоа РЗА, по лидерот на американската рап-група „Ву – Танг Клан“.
На почетокот на овој месец странските портали објавија дека Ријана родила девојче, но се покажа дека се работи за лажна информација.
Да потсетиме, Ријана откри дека е бремена во текот на настапот на Супербол во февруари, така што го соблече комбинезонот и го откри трудничкиот стомак.
Не е познато дали парот се венчал, но во јуни предизвикаа сомнежи дека можеби стапиле во брак.
– Сакам да ѝ ја посветам оваа песна на мојата убава сопруга во оваа сала! – изјави Роки на концертот на изненадување на многумина.