Српската актерка Анѓелка Прпиќ од серијата „Андрија и Анѓелка“ се породи и го донесе на свет своето второ дете.
38-годишната ѕвезда доби ќеркичка која ќе се вика Чарна, по улогата од серијата „Жене са Дедиња“, која всушност ја прослави. Актерката во неколку наврати имаше изјавено дека оваа улога многу ѝ го променила животот.
Ова е нејзино прво дете со новиот партнер Марко.
Анѓелка има син со поранешниот сопруг Дарио Прпиќ.