544
Американскиот медиумски магнат 92 годишниот милијардер Руперт Мардок неочекувано ја откажал свршувачката со 66 годишната радиоводителката Ен Лесли Смит со која планирал да се ожени летово, пишува „Венити фер“.
Портпаролот на Мардок одби да ја коментира ситуацијата.
Сопственикот на медиумската куќа „News Crop“ и еден од најбогатите луѓе во Соединетите Американски Држави ја објави свршувачката пред неколку недели, откако парот заедно се одмора на Барбадос.

Недолго откако „Волстрит журнал“ напиша дека купил стан од 30 милиони долари во Њујорк за себе и за својата вереница.
Милијардерот зад себе има четири брака, а од поранешната сопруга Џери Хол се разведе пред една година.

