Изабела Кејт Коноли Велок (16) од Ланкашир, Велика Британија, починала откако лекар неколку дена пред нејзината смрт констатирал дека главоболките на кои се жалела биле од настинка.
Тинејџерката на 28 март годинава му се обратила на матичниот лекар и рекла дека има силни главоболки, а единствено што тој забележал при прегледот е зголемен пулс, отчукувања на срцето, дури 139 во минута.Меѓутоа, сите други набљудувања биле во согласност со нормалната состојба, па тој заклучил дека таа веројатно имала настинка.
Само три дена подоцна, Изабела колабирала во Итната помош и починала неколку часа подоцна.
Изабела уште еднаш пред смртта го посетила својот матичен лекар кога му рекла дека главоболките ѝ се намалиле и дека се чувствува подобро. За пет часа од прегледот состојбата на девојката сериозно се влошила, па нејзината мајка Џералдин ја однела во болница.
Девојката се онесвестила во Итната помош, а лекарите ѝ пружиле соодветна медицинска помош и ѝ вклучиле антибиотици за да се елиминира можноста дека е во прашање некоја инфекција. По речиси еден ден, органите почнале да ѝ откажуваат, била интубиирана, но состојбата ѝ се влошувала. Изабела била прогласена за мртва на 31 март, пишува британски „Мирор“.
По обдукцијата, која била извршена на 8 ноември, било констатирано дека младата девојка починала од сепса предизвикана од стрептококен менингитис.
Неколку недели пред смртта на Изабела, нејзините родители добиле писмо во кое ги информирале дека еден ученик во нејзиното училиште боледува од менингитис.
За разлика од Изабела, неговиот случај бил сосема поинаков бидејќи девојката не покажувала ниту еден знак на болест. Таа не била почувствителна на светлина, ниту имала осипи карактеристични за менингитис.
Вештакот рекол дека никој не можел да претпостави дека вакво нешто ќе се случи по нејзината клиничка слика од пред неколку дена.
„Изабела беше многу љубезна и нежна душа и многу ќе им недостига на сите нејзини наставници и колеги. Таа ги остави нејзините родители Иан и Џералдин, сестрата Невеста, баба Барбара, тетките, чичковците, братучедите и многу пријатели“, рекле за тинејџерката нејзините другари.