Кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако изборната комисија не ги преброи сите гласови.
– Искрено, победивме, иако не се преброени сите гласови. Му благодарам на американскиот народ за големата поддршка. Милиони луѓе гласаа за нас. Но, една многу тажна група на луѓе се обидува да им го одземе тоа право, што нема да дозволиме. Тие можат во 4 часот изутринава да донесат уште цели комбиња со гласови и да продолжат да ги бројат. Нема да дозволима да се случи фалсификат. Сакам броењето на гласови да запре. Се подготвувавме за голема прослава, – рече Трамп.
– Никогаш нема да стигнат до нас во Џорџија и Северна Каролина. Но, најважно е што водиме во Пенсилванија и имаме огромна предност – додаде Трамп, на што беше пречекан со громогласен аплауз.
Тој потенцираше дека победите во Флорида, Тексас и Охајо се голем триумф, а потоа истакна и дека ќе побара од Врховниот суд во Америка да го стопира броењето на гласови.
Инаку, според Вашингтон пост, од 270 електорални гласови на изборниот колеџ потребни за победа, според неофицијалните резултати од досега преброените гласови и победи во некои држави, Џо Бајден има освоено 220 гласови, додека Трамп има освоено 213 гласови. Изборниот колеџ треба да го прогласи победникот откако ќе ги изброе гласовите, законски, тоа треба да го стори најдоцна до 14 декември