“СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ОВА Е МОЈ ПОСЛЕДЕН ГОВОР“: Легендарниот Чиро доби награда, па ги потресе сите

by Тони Зографски

Хрватската фудбалска легенда Мирослав Чиро Блажевиќ, кој со Хрватска беше бронзен на СП 1998 година за прв медал од Мундијалите за „коцкестите“ веќе подолго време се бори со ракот, па вчера ја доби првата награда „Владимир Беара“ за придонес во развојот на спортската култура и друштвена толеранција од Србите во Хрватска, по што на говорница сите ги потресе.

Блажевиќ еднаш успеа да го победи ракот, но сега води голема битка и неколкупати јавно потенцира дека сè поблизу е крајот, па откако ја доби наградата посочи дека се плаши дека ова е негов последен говор и последна награда што ја добива.

„Им благодарам на сите што имаа рефлекс да ме развеселат во една тешка здравствена ситуација. Јас дојдов само да потврдам колку ми е драго и колку навистина ми е мило да се дружиме и да се бориме еден за друг. Но, се плашам дека ова е мојата последна награда која ја добивам во животот и се плашам дека ова е мојот последен говор кој го држам пред вака еминентен собир. Се ближи мојот крај“, рече Блажевиќ.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com