Кога може„Моторхед“, Бекам и Дрејк да имаат свое виски, Вили Нелсон да продава свој бурбон, Џорџ Клуни да произведуваше текила, Мерилин Менсон да нуди свој апсинт кој се вика Мансинт, а Бил Мареј да инвестира во словенечка вотка, тогаш може и Басистот на бендот „Faith No More“ Били Гулд да има своја ракија. Тој е голем фан на Балканот и чест гостин на неговите простори па неговата љубов дестилираше во логичен производ. Воодушевен од балканската култура, одлучил да направи своја лична ракија, која ја нарекол „Јебига“
Етикетата има дизајн на читуља а утопискиот идеал на Гулд е „Обединување на Балканот, голтка по голтка.“.
Здружен е со дестилерија од Србија, ракијата велат дека е врвна, има 43 степени, се прави од рачно берена чачанска слива и чиста изворска вода. Влегува во шише по 18 месечно одлежување во дабови буриња. Ракијата има „изразени ноти на боровина и овошје, лесно тело и долг финиш во кој се чувствува цитрус и ванила“ .
„Нема веќе скршени шишиња по куфери, нема веќе чекање бившата да се омажи или дедото да умре, сега секој ден можете да уживате во есенцијата на домашното совршенство,“ порачува новопечениот ракијаш.
Инаку, „Јебига“ се произведува во Србија и се извезува во САД.