Комичарот Роуан Аткинсон, најпознат по улогата на Мистер Бин, ја има ќерката Лили Састри, која е успешна кабаре изведувачка.
Таа има свое шоу именувано по неа и со него ги обиколува лондонските клубови. Таа сама пишува свои песни, пее и глуми.
28-годишната Лили, повеќе личи на нејзината мајка Сунатра Састри за разлика од нејзиниот двегодишен брат Бенџамин, кој очигледно наликува на својот татко. Таа не е во најдобри односи со својот татко од 2014 година, кога се дозна за аферата на актерот со комичарката Луиза Форд.
После тоа се разведе од сопругата и пред две години го дочека третото дете. Дејли мејл претходно напиша дека неговата ќерка Лили му замерува што ја остави нејзината мајка, па решила да го смени презимето. Лили Аткинсон стана Лили Састри.
Иако денес не оди по актерските стапки на својот татко, Лили како девеојче глумеше во филмот „Tooth“, а после тоа ги сними и комедиите Мистер Бин на празници и Џони Инглиш. Тоа е нејзиниот последен филски ангажман а потоа во целост се посветува на кабарето
.