Бренда Фин (33) од Лондон вели дека отсекогаш имала вишок килограми, но работата ескалирала во 2016 година, кога вагата покажала дека има 98 килограми. Некаде во тој период дознала и дека боледува од алопеција.
– Се сеќавам дека откако се измерив, се погледнав во огледало и си помислив: „Драг Боже, кога точно станав толкava? – вели Бренда. И почнала со диета, но не со вообичаената бидејќи вели дека точно знаела што го предизвикува вишокот килограми – Фејсбук.
– Рецепти за сладолед, колачи, пици, реклами со сокови ќе се појавуваа по цел ден на Фејсбук. Сето тоа беа потсвесни пораки кои ги прифаќав и постојано нешто јадев. Решив да ги избришам Фејсбук, Твитер и Инстаграм и дури тогаш видов одреден напредок во исхраната – вели таа.
Тоа се случило, како што вели, во август 2020 година.
– Тоа беше пресвртница. До тој момент ништо не ми помогна да ослабам бидејќи многу брзо ќе видевм слика од вкусно, калорично јадење на социјалните мрежи и ќе потклекнев. Тешко ми беше да се исклучам од социјалните мрежи, но знаев дека тоа е мојот единствен спас – вели таа и додава дека килограмите практично веднаш почнале да исчезнуваат.
Таа во мај годинава веќе имала 69 килограми, а минатиот месец 63 килограми. Таа денес има 61 килограм, а целта и е 57 килограми и убедена е дека брзо ќе ја достигне, само ако се држи до својата диета, а тоа значи исклучување на социјалните мрежи.
– Секој ден се чувствувам се подобро и подобро. Конечно се чувствувам жива. Додека имав прекумерна тежина, некако се навикнав да бидам трома и бавна, се изненадив себеси колку што всушност можев да бидам подвижна. Најдобрата одлука што ја донесов беше да ги избришам социјалните мрежи – вели таа.