СЕ ОСТВАРИ СОНОТ: Одиме на Европско

by Тони Зографски

Се оствари 30-годишниот сон на македонскиот народ. Со победата од 0:1 (0:0) над Грузија, македонската фудбалската репрезентација предводена од капитенот Горан Пандев  се пласира на Европското првенство.

На евро-шампионатот, одложен поради коронавирусот од оваа за следната, 2021 година, македонскиот национален тим ќе игра во Ц-групата со селекциите на Холандија, Украина и Австрија.

Момент на одлука беше 56 минути. Маестрална акција која почна од Елмас, па продолжи со Пандев, Несторовски и повторно Пандев за реализација.

Победата веќе се слави низ Скопје и низ другите градови, се слушаат истрели и победнички извици.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com