Пратеник во Аргентина бил суспендиран откако камерата го снимила како се гали со неговата партнерка, за време на виртуелната седница на пратениците од долниот дом на конгресот.
За време на седницата на која пратениците присуствувала во живо, политичарот Хуан Емилио Амери бил снимен како опуштено почнал да се гали са партнерката.
Набргу по инцидентот, кој стана вирален на Интернет и предизвика незадоволство кај јавноста во Аргентина, пратениците изгласаа суспензија на Амери.
Емилио е пратеник од северната провинција Салта во владејачката коалиција. Тој за локалното радио изјави дека се чувствува лошо за сè што се случило.
Веќе поранешниот пратеник додаде дека неговата интернет-врска била лоша и дека не бил свесен дека е фатен во интимен момент со неговата партнерка, пренесува Ројтерс.