Ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, синоќа се омажи за своето долгогодишно момче Дамјан.
Свадбената церемонија се случила во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот.
Марија носела елегантна венчаница, а целиот изглед невестата го надополнила со нежна фризура и дискретна шминка.
Младоженците првиот танц го одиграле на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.