Дани Димитровска и Горан Веселиновски – Весел си го кажаа судбоносното „ДА“.
46-годишната пејачка и поранешниот кошаркар стапија во брак опкружени со најблиските, а таа сподели две фотографии на Instagram Story.„Mr & Mrs“– напиша Дани под една од фотографиите.
На другата фотографија младенците позираа со нејзиниот син Лазар и со неговата ќерка.
Во јуни оваа година, Горан ја запроси својата сакана, а таа гордо го сподели моментот со своите следбеници, објавувајќи фотографија со свршеничкиот прстен.