Пред неколку дена една од омилените турски актерки на нашите простори му кажа „да“ на избраникот со кој во минатото имаше турбулентна врска.
Турската актерка Демет Оздемир, ѕвезда на сериите „Зејнеп“ и „Сонувачот“ е една од најпопуларните познати личности во својата земја, па медиумите постојано пишуваат за нејзиниот приватен живот.
Деновиве официјално Демет го кажа судбоносното „да“ на свадбената церемонија на која заблеска!
Таа му стана сопруга на Коч во интересен фустан со класичен крој – се работи за модел без прерамки, чиј горен дел формира корсет, а постепено се проширува од половината. Сепак, не се работи за модел кој е веќе некаде виден, бидејќи Демет се одлучи за необична мрежеста венчаница, а дополнителна доза на гламур и традиција постигна благодарение на луксузниот превез кој паѓа до подот.
Турската актерка своевремено се појави во спот на познатиот турски пејач Мустафа Сандал, но популарноста ја стекна преку турските серии. Се шушкаше дека била во врска со нејзиниот колега од серијата „Сонувач“, Џан Јаман, каде глумат љубовен пар.