Поранешната манекенка и водителка Кели Брук, која пред неколку години ја доби титулата за најсекси жена на светот, се омажи за својот долгогодишен партнер Џереми Париси.
Двојката се венча во Италија, во родната земја на младоженецот, пристанишниот град Кивитавекија, познат по прекрасната, специфична историска архитектура.
Младенците венчавката ја организирале во посебен амбиент – во вила од 19 век, а иако првично планирале романтична церемонија на отворено, дождот им ги расипал плановите. Сепак, бидејќи за прославата платиче неверојатни половина милион фунти, веруваме дека на гостите не им недостасувала добра забава и убава атмосфера.
„Кели знае дека Џереми и е сродна душа и дека ова ќе и биде единствената венчавка, па даде се од себе. Се ги чинише околу половина милион фунти, но за неа тоа се добро потрошени пари”, рекол извор близок на парот и додал дека ова свадбата била „сè што Кели сакала“.
Убавата 42-годишна девојка блескала во снежно бела, долга, традиционална венчаница со едноставен крој во А линија со скапоцени детали од тантела, проѕирни ракави и деколте. Изданието го комплетирала со долг вел, но и со тијара во долгата бујна коса. Кели и италијанскиот манекен се заедно од 2014 година, а се споија откако атрактивната Британка видела една од неговите снимки на Инстаграм.
Инаку, интересно е што оваа убавица зад себе има низа врски со познати мажи, но и три пропаднати свршувачки! Пред Паризи, таа беше во врска со актерите Џејсон Статам и Били Зејн, рагбистот Том Еванс и Британецот Дејвид Мекинтош. Таа, исто така, две години беше во врска со рагби играчот Дени Ципријани.Да потсетиме, Кели е позната и по тоа што во 2016 година нејзиното тело на едно истражување беше прогласено за најсовршено на светот, но потоа во неколку наврати варираше со килограмите – се здебелуваше и ослабнуваше. Таа денес вели дека е најсреќна кога ќе облече број 40, а на новинарите минатиот месец им порача дека нема да држи диета за својата венчавка.„О, не, не сум на диета. Воопшто не сум размислувала за тоа. Извесен период ја имам оваа тежина, ја сакам и ќе останам на неа без разлика што ќе се случи во иднината“, рекла ата.„Носам големина 38 околу половината, но кога станува збор за градите и задникот, тоа е 40. Тоа е мојата здрава, среќна големина. Времињата кога бев најтенка во мојот живот беа истите времиња кога бев најнесреќна. Не би сакала повторно да бидам во таа кожа“, нагласила таа минатата година.