Бившата министерка за финансии, Нина Ангеловска вчера се омажи со нејзиниот дечко, доктор Виктор Станков, со кого направија свадбена веселба во познат скопски ресторан.
За најпосебниот ден Нина избра елегантна бела венчаница, додека Виктор носеше смокинг.
Парот се венчал во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини и пријатели пред црквата.
Меѓу гостите беа и поранешните премиер Зоран Заев и министер за здравство Венко Филипче.
Во 2019 година Нина стана министер за финансии и беше еден од најмладите македонски министри за финансии.
Фото: Принтскрин/Инстаграм