Македонската глумица Јана Стојановска синоќа се омажи со својот избраник, кошаркарот Андрија Бојиќ.
Свадбата се одржала во белградскиот хотел Југославија. На неа присуствувале актери, и дел од кошаркарите на МЗТ Скопје, екипа за која настапуваше Андрија.
Инаку, Јана е во петтиот месец од бременост и чека син. Таа е ќерка на актерката Силвија Стојановска и Ненад Стојановски. Јана се прослави со улогата на серијата “Сенки над Балканот“.
Младоженецот Андрија е кошаркар од Србија кој живее во Скопје.