Менди Бордман од сојузната држава Индијана била во брак седум години, а потоа пред неколку години сфатила дека се чувствува многу лошо, дека станува заборавна и се чувствувала ужасно уморна.
Кога го фатила сопругот една ноќ како ѝ работи зад грбот, ја сфатила страшната вистина. Ова е нејзината приказна.
Имено, се започнало како класична љубовна приказна, а својот живот го доверила на човекот што искрено го сакала. Првите неколку години имале среќен брак, а потоа започнала разделбата и станале стереотипно семејство.
„Поминаа седум години од нашата венчавка, и јас одеднаш почнав да имам проблеми со меморијата. Освен тоа, бев постојано уморна. Ми се случуваа чудни ситуации и немав идеја како. На пример, една ноќ се разбудив со пилула во устата. Не се сеќавав дека сум ја зела. Пред некоја ноќ се разбудив гола, што е чудно затоа што никогаш не спијам гола. Почнав да се грижам дека се претворив во месечар”, вели Менди.
Се почесто, наутро чувствувала чудно чувство во устата, многу чудно. Таа го споредила со неуспешниот обид да се проголта аспирин. Таа била убедена дека нешто не е во ред со нејзиното здравје, а потоа вистината излегла на виделина.
„И тогаш една ноќ се разбудив и го најдов мојот сопруг како стои над мене. Имаше нешто чудно во едната рака, а во другата држеше фенерче вперено кон моето лице. Кога виде дека сум будна, се обиде да скрие нешто под душекот. По многу туркање, успеав да го оттурнам и да видам што е тоа. Тоа беше сад со матна течност. Го прашав што е тоа. По многу расправање, тој се „скрши“ и ми призна дека е мешавина седативи и апчиња за спиење и ми ги дава кога спијам. Збунета, го прашав зошто ми дава апчиња за спиење кога веќе спијам. Му реков да не го прави тоа повеќе, тој рече дека нема и јас му верував“, рече таа.
Тие сѐ уште биле во брак. Го фатила повторно неколку пати како се обидува да ѝ даде течност. Таа го молела да престане, но тој ја уверил дека ќе го стори тоа и дека тоа го прави со најдобра намера. Потоа, еден ден го заборавил телефонот дома и таа открила страшна вистина.
„Погледнав што има на телефонот и го видов она што никогаш не го очекував: видео од мојот сопруг како има секс со мене додека спиев. Вкупно имаше три такви видеа, а на секое изгледав мртво.
Како не знаев дека ми се случува ова? Како не се разбудив? Тогаш ми стана јасно – сѐ има врска со таа матна течност. Ми ја дава за да не се разбудам. Колку пати се случило ова? Немам идеја. Бев ужасната и исплашена. Чувствував дека нешто не е во ред, но не знаев што.
Ги пренесов снимките за себе за да имам резервни копии, а потоа му реков на мојот сопруг дека знам се. Се однесуваше како да не направил ништо посебно, а потоа ме манипулираше со уверување дека и онака никој нема да ми верува, дури и да ги покажам снимките“, рече Менди и откри дека наскоро се развела и дека тој се оддалечил.
Таа го продолжила животот далеку од него, редовно одела кај психолози и читала книги за самопомош. Меѓутоа, еден ден децата морале да одат кај својот татко. Бидејќи синот бил во рекреативниот центар, ќерката требало да го посети сама. Таа ситуација ги разбудила духовите од минатото во Менди.
„И одеднаш, кога тоа ме вознемири, конечно сфатив дека она што ми го правеше беше апсолутно погрешно. И ако може да направи такво нешто на својата сопруга, може и на својата ќерка. Морав да покажам секој како чудовиште беше. Однесов копија од снимката во полиција и им кажав се . Во следните три години судскис е борев со човек на кого некогаш одамна му го доверив животот.
Конечно, пресудата пристигнала пролетта минатата година – тој бил осуден за силување и девијантно и криминално однесување.
– Конечно се ослободив од неговите лаги и манипулации. Конечно бев заштитена како и моите деца. Барем така мислев“.