Војводата Георгиј Михајлович Романов се ожени со својата долгогодишна свршеница Ребека Бетарини, пренесува Daily Mail.
Ова беше е прва венчавка на потомок на руското кралско семејство по 120 години, а се одржа во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург.
„Ова беше првото место во Русија каде се вративме и му значи многу на моето семејство“, изјави Георгиј за руските медиуми пред венчавката.
Странските медиуми пренесуваат дека на венчавката дошле бројни гости, меѓу кои и претставници на 20 династии од целиот свет. Традиционалната царска церемонија трае два дена, а за гозбата е одговорен Евгениј Пригогин, познат и како готвачот на Путин.
На вториот ден од венчавката, што ќе се одржи во сабота, 700 гости се поканети во палатата Константиновски на ручек, настапи во живо и аукција. Вечерта ќе заврши со концерт како дел од отворањето на Руското царско музичко друштво.
Патем, Георги Михајлович е син на принцезата Марија Владимировна, која ја предводи Империјалната куќа Романов, и нејзиниот сопруг, големиот војвода Михаил Павлович, и неговата избраничка Ребека е ќерка на италијански дипломат од благородничко семејство. Според руската традиција, таа го прифати православието и го доби името Викторија Романовна.
Двојката претходно стапи во граѓански брак во Москва на 24 септември, пред да ја организира верската церемонија, чија цел е да ја повтори традицијата на руското царско семејство.