Се ожени министерот Благоја Бочварски (ФОТО)

by Тони Зографски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски својата венчавка со Маринела Серафимова ја круниса со свадба во Штип. Меѓу гостите  беше и министерот за земјоделство и негов сопартиец, Љупчо Николовски со сопругата Андријана, која сподели фотографии од венчавката.

Актуелниот министер за транспорт и врски лани во август ја побара за сопруга својата избраничка, а веридбата ја најави за есента. Бочварски тогаш рече дека свадбата ќе се одржи следната година кога ќе стивне пандемијата.

Тој претходно скоро една година е во врска со 24 годишната Маринела која е дипломирана докторка.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com