Еден од најдобрите голмани на сите времиња и долгогодишен предводник на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон во саботата се ожени со новинарката Иларија Д’Амико. Луксузната церемонија се одржа во Вила Олива, имот од 19 век во италијанскиот град Лука. На прославата присуствуваа многу познати личности.
На нивната венчавка присуствуваа и нивните деца, Луис Томас и Дејвид Ли од претходната врска на Буфон со Алена Шередова, Пјетро, синот на Иларија со Роко Атисани и Леополд, нивниот најмал, заеднички син.
Приватниот ручек беше наменет за 150 гости во имотот на плажата на семејството Буфон, Ла Романина во Марина ди Маса, каде Џиџи и Иларија го поминуваат летниот одмор со своите деца и неговото семејство.
Според пишувањата на Ил Месагер, голманот бил многу емотивен, а до олтарот пристигнал во придружба на неговите два сина. Иларија дојде рака под рака со нејзиниот 14-годишен син Пјетро.
https://twitter.com/i/status/1840091065342144672
Буфон кажа: „Благодарение на тебе, Иларија, ја запознав вистинската љубов. Не верував дека може да постои“, пренесува италијанскиот магазин.
Кума на невестата била познатата актерка Моника Белучи, која дошла со својот партнер, режисерот Тим Бартон. Присутни беа и двајца други сведоци: новинарите Анџела Педрини и Џорџија Кавацано.
За потсетување, тие се во врска од 2015 година. Таа е шест години постара од него, но тоа не било пречка за нивната љубов.