Трајче Заев близок роднина на премиерот Зоран Заев преку објава на Фејсбук ги негираше обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ, дека наводно побегнал во Дубаи по акцијата во која запленети беа 200 килограми марихуана.
„Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:
Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“, напиша Трајче Заев на Фејсбук.