По добиените информации за почината македонска државјанка Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи соопштува дека преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.
Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопшти МНР.
Познатата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа Јанеска била пронајдена мртва со прострелна рана во местото каде што живеела во Јужна Африка. Јанеска е по потекло од Охрид, повеќе од една деценија живеела во Танзанија, а пред смртта живеела во Јужна Африка. Без многу детали за причините за смртта, веста ја објавија повеќе африкански медиуми, а преку социјалните мрежи тажната вест ја сподели нејзиното момче, Оми Димпо Мурнс, пејач – рапер од Танзанија.