Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, изрази желба да биде позитивна и обединувачка фигура во Белата куќа.
Меланија, која влезе во историјата како втора претседателска сопруга која ја извршуваше функцијата прва дама во два последователни мандати, во емисијата „Фокс и пријателите“ на телевизијата Фокс истакна дека сега има повеќе искуство и знаење.
„Веќе бев во Белата куќа, па кога повторно ќе влезете, точно знаете што да очекувате. Знаете какви луѓе треба да имате со вас“, рекла Меланија.
Таа нагласи дека нејзиниот главен фокус во вториот мандат ќе биде на сегашните и идните потреби на американските деца.
Исто така, се очекува дека „меката дипломатија“ преку различни општествени настани ќе продолжи и ќе се развива понатаму за време на вториот мандат на Трамп, а државната посета на кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција од Шпанија, која првично беше планирана, но одложена поради пандемијата на коронавирус, е исто така можна.