Претседателот на Србија, Александар Вучиќ преку својот Инстаграм профил се огласи со кратка порака, преку која им се заблагодари на персоналот во ВМА и на сите кои биле загрижени за него и најави дека од понеделник продолжува да работи со полна пареа.
“ Благодарам на докторите и вработените на ВМА. Фала на сите кои се загрижија за мене, Веќе од понеделник ќе бидам во полна работна сила“ напиша Вучиќ.
За потсетување, српскиот претседател Александар Вучиќ поради кардиоваскуларни проблеми вчера попладне бил примен е на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, соопшти утринава Генералниот секретеријат на претседателот.
Според потврдата на неговата советничка, Сузана Васиљевиќ, неговата здраствена состојба е стабилна и поради мерки на претпазливост тој се уште се наоѓа на ВМА.