Фронтменот на „Рибља чорба“ Бора Ѓорѓевиќ се огласи по информацијата дека се бори за живот и испратил јасна порака..
– Среќна Нова година на сите, се радувам на скорашен голем белградски концерт.
Во петокот навечер Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата “Рибја Чорба“ ги прокоментирал наводите на медиумите дека е во тешка состојба и дека карциномот му се проширил на белите дробови, поради што морал да започне хемотерапија. Наводно, во болницата во Љубљана, каде што живее со сопругата, цел тим на лекари се грижел за неговото здравје. Бора одел на прегледи на секои две недели, а често прави и ПЕТ-скенер, што го покажува степенот на прогресија на болеста.
Инаку, Бора Ѓорѓевиќ не присуствуваше на кремирањето на неговиот долгогодишен пријател и колега Миша Алексиќ кој пред една недела почина од ковид -19.