Откако во медиумите се појавија наводи дека се разделиле, колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике по 12 години во брак, официјално се обратија и признаа дека повеќе не се заедно.
„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш врвен приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето“, беше сè што напишаа во заедничкото писмо испратено до EFE.
Колумбијката преброди неколку кризи со фудбалерот на Барселона, но според „жолтиот печат“ во Шпанија, не можела да мине после последното неверство од страна на стоперот.
Овие гласини се уште не се потврдени, но затоа сигурно е дека двојката се разделува и најверојатно ќе се води судска парница за тоа кој ќе има старателство над двете деца.