Безбедносниот ремен во автомобилот бил кобен за загинувањето на Шабан Шаулиќ во сообраќајната несреќа што се случи во саботата кај Билефелд во Германија. Од затегнувањето на ременот дошло до пукање на аортата, што билo кобно за Шабан.
Пo несреќата, според сведоците, тој сам излегол од колата, бил свесен, но не го разбирале оти зборувал српски. Се жалеле на болки во грлото. Српскиот пејач добил средство за успивање и бил со хеликоптер префрлен во болницата во Билефелд. Останатите двајца негови сопатници со санитетски возила биле превезени во други две болници.
Во болницата во Билефелд се стигнало во 8 часот, а по реанимацијата морале да го отворат градни кош на Шабан и тогаш докторите утврдиле дека аортата е пукната, што медицински неможно е да се санира.
Шабан Шаулиќ починал во неделата, во 10.25 минути, пишува во лекарскиот извештај.