Американската актерка и ѕвезда на серијата „Melrose Place“, Хедер Локлир, беше секс симбол на 80-те години, но со текот на годините целосно го промени својот изглед.
Лицето од бројните естетски операции ѝ станало изобличено и отечено, а иако е речиси непрепознатлива, папараците ја фатиле на улиците на Малибу. Во таа прилика била откриена и новата тетоважа на нејзиното тело која ја направила во чест на ќерката Ава, која ѝ била поддршка во текот на борбата со зависностите и во бурните години од животот.
Освен по операциите, Хедер е позната и по својот разуздан љубовен живот, но и по алкохолизмот и агресивните испади, па така предизвика голем скандал кога во налет на бес го претепала својот партнер Крис, поради што морала да реагира полицијата. Таа дури и се обидела да му го одгризе носот, пишуваа странските медиуми. Според последните информации, тој ѝ простил и ѝ помогнал да ги надвладее зависностите.
Во една прилика Локлир беше уапсена откако се забила во столб со својот автомобил во близина на својата куќа во Калифорнија, при што во возилото било пронајдено шише алкохол.
За потсетување, актерката од 1986 до 1993 година беше во брак со тапанарот на „Motley Crue“, Томи Ли, кој подоцна се венчаше со Памела Андерсон. По Ли, Хедер се вљуби во гитаристот на „Bon Jovi“, Ричи Самбора. Парот се венчаше во Париз во 1994 година и ја доби ќерката Ава (22). Се разведоа во 2006 година, но поради ќерката останале во добри односи.