Томас Боуерс, поранешниот претставник на „Дојче Банка“ се обесил во својот дом во Малибу, пренесуваат американските медиуми.
Боуерс е познат по тоа што во минатото му одобрувал на Доналд Трамп кредити во висина од околу 2 милиони долари иако претседателот бил одбиен од повеќе финансиски институции.
Меѓу другото Боуерс му одобрил на Трамп заем од 100 милиони долари за купување на голф терени во Мајами.
Инаку, односот меѓу “Дојче Банка“ и Трамп се најдоа и под истрага на главниот обвинител на Њујорк.