Австралиската тенисерка со српска крв, Анџелина Граова која неодамна се најде во центарот на вниманието откако почна да ги објавува своите приватни содржини на страницата за возрасни, повеќе не може да крие зошто се решила на тоа. Имено, таа решила сепак да не прослави преку тенисот, туку преку продажба на провокативни содржини на сајтот за возрасни – „Онлифанс“.
Анџелина преку својот профил на Инстаграм ги повикува луѓето да ги погледнат претежно нејзините разголени фотографии и снимки, а за тоа наплатува само шест долари месечно. Како што јавува швајцарскиот „Блик“, а пренесува и британскиот „Сан“, Анџелина се решила на ова затоа што од тенисот успеала да заработи нешто повеќе од 2.000 фунти, што е околу 2.200 евра.
На споменатиот сајт, луѓето ја продаваат својата интимна содржина со акцент на провокативноста, а работи со претплата на оние кои сакаат да дојдат до неа.
Тој е сè попопуларен меѓу атрактивните спортисти кои на тој начин заработуваат полесно пари, а „Блик“ пренесува дека поранешниот светски „број 17“, Бернард Томиќ е вистинска sвезда на „Онлифанс“ поради неговите приватни снимки со неговата девојка Ванеса Сиера.
Инаку, во текот на својата ИТФ кариера, Анџелина Граовац оствари само осум победи, додека загуби 36 пати, а последниот во низата турнири го играше во Тунис.