СЕ НАДМИНА: Рита Ора во градник од капчиња за детски забави (ФОТО)

by Тони Зографски

Рита Ора предизвика големо внимание на Инстаграм кога објави фотографии на кои позира во многу провокативна облека, во градник направен од синџирчиња и триаголни капи кои вообичаено се наменети за детски родендени, но и воопшто, за различни забави, и во соодветни гаќички.

Пејачката (35) сподели серија фотографии од зад сцената од снимањето за списанието Crash, како и моменти од нејзината гардероба во текот на Големата награда на Австралија во Формула 1 за 2026 година. На една од фотографиите, таа носи голема црвена перика и минијатурна комбинација што едвај го покрива нејзиното тело.

Во друго издание позира со погламурозна црвена перика и кожен градник. Со објавата напиша дека обожава да создава музика што им дава на луѓето самодоверба и ги охрабрува да бидат најдобрата верзија од себе.


На настапот во текот на трката на Ф1 во Австралија, се појави во долна облека и проѕирни чорапи со бела кожна лента преку рамо и високи чизми.

Рита неодамна проговори за својот личен живот и откри како нејзината улога на помајка го променила нејзиниот поглед на животот. Откако се омажила за режисерот Таика Ваитити во 2022 година, таа станала маќеа на неговите ќерки Те Каинга о те Хинекаху (13) и Матеви Киритапу (9).

Истакнала дека таа и Таика биле најдобри пријатели пред да почнат да се забавуваат, што го смета за клуч на нивната врска. Таа исто така додаде дека семејниот живот ѝ ги отворил очите и ѝ покажал дека во животот има многу повеќе од она на што понекогаш се фокусираме.

останати вести