Манекенката Криси Тајген неодамна сподели своја фотографија на социјалните мрежи, која за кратко време предизвика негодување во јавноста. Имено, на фотографијата ѝ се гледаа брадавиците и градите, што, според мислењето на многумина е несоодветно за јавно објавување.
„Позната по својот остар јазик и ставот дека „не молчи“, манекенката во свој стил им одговори на хејтерите. На Инстаграм го напиша следново:
„Мислам дека, со оглед на тоа што моите гради трипати беа сечени и повторно прикачувани на телото, а воедно ги доеја и моите бебиња, навистина не се ниту секси ниту провокативни. Се извинувам ако за вас се. Се надевам дека ќе преживеете, а сигурна сум дека ќе преживеете“.


„По нејзината објава следуваа бројни коментари, а повеќето ѝ упатија зборови на поддршка:
„Ја обожавам твојата дрска искреност“, „Да, госпоѓо, ослободете се“, „Те поддржувам целосно“, беа само дел од коментарите.

Тајген и претходно јавно зборувала за својот однос кон градите и открила дека досега имала дури три операции.
„Имав подигнување на градите, зголемување на градите и вадење на силиконските импланти“, изјавила за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ со Енди Коен во 2024 година.
