Бред Пит ги изненади сите со храбриот стајлинг на премиерата на филмот „Bullet Train“ во Берлин.
Пит се појавил во необично издание на црвениот тепих – на себе имал розова кошула со светлокафеав кардиган, а наместо панталони, популарниот актер се одлучил за сукња.
Целиот изглед го заокружил со војнички чизми.
Едно е сигурно – Бред оставил силен впечаток на присутните, а веруваме дека за овој стајлинг долго ќе се зборува.
За потсетување, актерот ги изненади фановите ширум светот со искреното интервју за „GQ“ во кое зборувал за алкохолизмот, емоциите, но и невролошкото нарушување поради кое не може да се сеќава на лицата кои ги запознава.
„Мислам дека на сите нѝ се скршени срцата. Во животот отсекогаш сум се чувствувал многу осамено, бев осамен како дете, осамен сум и сега, овде и навистина се до неодамна не можев да почувствувам прифаќање од семејството и пријателите“, изјавил Бред.