Поп-ѕвездата Роби Вилијамс прозборе за својата самоизолација од семејството и тврди дека неговите симптоми „исчезнале“ откако се помолил.
Вилијамс се врати во Лос Анџелес минатиот месец по посетата на Австралија и се повлече во самоизолација далеку од семејството, откако почуствувал симптоми слични на оние на коронавирусот.
“Молeте се и медитирајте за да се исчезне смртоносниот вирус, кој е поврзан со смртта на илјадници ширум светот. Можев да почувствувам дека телото ми станува летаргично, уморно и се убедив дека ќе добијам коронавирус. Се симнав на колена и се молев. Размислував за мојата сопруга и семејството. За 30 секунди почувствував вибраци и симптомите и стравот исчезнаа“, раскажува пејачот.
Инаку, додека Роби бил во самоизолација, неговата сопруга Ајда и нивните четири деца, ќерката Теодора (7), синот Чарлтон (5), ќерката Колет (18 месеци) и едномесечниот син Бео, биле во семејниот дом.