Џенифер Лопез негативно ги изненади своите фанови откако беше “уловена“ како со сопругот Алекс Родригез излегува од една теретана.
Иако теретаната во Мајами во која редовно вежбаат е затворена поради коронавирусот, Џеј Ло сепак доби дозвола да ја посети. 51-годишната поп ѕвезда и нејзиниот вереник се видени како излегуваат од задниот влез на теретаната.
„Оваа теретана не е отворена, останете дома, останете безбедни“, пишува на натписот од задната страна на теретаната, која тие двајца често ја посетуваа пред изолацијата.
“Ова е срамота, значе се се може кога ќе се плати?“, “Продајте се за пари“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Џенифер се појави во спортска опрема, во која повторно до израз дојде нејзината фигура.