Ирина е руска новинарка, економистка и политичарка, а во 2004 година се кандидирала за претседателка на Русија. Самата таа се венчавала 4 пати и вели дека секој брак ѝ бил подобар од претходниот.
Некои жени му ги простуваат неверствата на сопругот или со години живеат со мрзливец и пијаница до себе, додека други, по првата препрека, велат „доста“. Ако некој е подготвен за брак, тогаш треба да биде подготвен и за несогласувањата што бракот ги носи со себе. Меѓутоа, често се случува луѓе кои се во брак 15 или 20 години, ненадејно да одлучат да се разведат. Која е причината за тоа? Желба за нов живот.
Според Ирина, жената во 20-тите години и жената во 50-тите години има различни потреби и приоритети. Нејзините читателки се запрашале: кога жената треба да го напушти мажот и да побара развод?
„Мора да го напуштите сопругот, не кога ќе се скарате, туку кога ќе почнат да ве нервираат ситници. Како се облекува човекот, како изгледа, како се храни, како ја држи главата. Ако почне да ве нервира сето тоа, процесот е неповратен. Нема да биде подобро“, вели Ирина.