“СЕ МАЖАМ ЗА СВОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ“: Се вери една од најубавите жени на светот (ФОТО)

by Тони Зографски

По 4 години врска се вери некогашната Мис Универзум и една од најубавите жени на светот Оливија Кулпо со своето момче Кристијан Мекафри.

Манекенката ги објави среќните вести со низа фотографии на Инстаграм, а на истите се гледа како НФЛ ѕвездата клечи пред својата девојка.

„Се обидовме да го задржиме ова за себе колку што беше можно, но очигледно вестите брзо патуваат. Се мажам за својот најдобар пријател. Многу те сакам, веренику“, напишала Кулпо на Инстаграм.

Парот на фотографиите изгледа среќно и возбудено, а Оливија освојува и со интересна модна комбинација – предимензионирано сако и високи чизми.

Olivija Kulpo

До романтичното запросување дошло на нивното патување бидејќи Кулпо пред неколку дена објави и низа фотографии од одморот.

Во своето реално шоу „The Culpo Sisters“ во кое покрај Оливија, главни ѕвезди се и нејзините сестри Софија и Аурора, некогашната Мис Универзум отворено зборувала за тоа дека сака да се венча со Мекафри и да основа семејство.

Izbor, Mis Univerzum, Branislava Mandić, Olivija Kulpo

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com