Триесетгодишната Ирена Кики М. се лизнала на плочките и го скршила вратот во купатилото на смејната куќа во селото Младеновац.
Како што информира Курир.рс, Ирена таа кобна вечер, на 2. декември, била дома со родителите, Весела и Небојша, и бабата. Влегла во купатилото да се истушира, а родителите се згрижиле затоа што не излегувала цел час.
Тропнале на вратата, но немало одговор. Кога отвориле, затекнале ужасна глетка. Првите резултати од истрагата укажуваат дека се лизнала на голема количина пареа и лизгави плочки. За време на ударот го скршила вратот и останала да лежи. Родителите се обидувале да ја вратат во живот, но за жал немало помош. Екипата на Брзата Помош можела само да потврди смрт.
Телото ѝ било пренесено во Инситутот за судска медицина, додека дома се изршил увид да се види како настрадала.
Инаку, Ирена вчера е погребана на локалните гробишта.