Американската писателка Шана Хоган загина на 37-годишна возраст по трагичната несреќа што ја доживеа на базенот во дворот на нејзиниот дом.
Нејзината пријателка и поранешна колешка Кетлин Кејти Мајер изјави за „Пипл“ дека Хоган се се лизнала и ја удрила главата на работ на базенот, по што паднала во водата, а за тоа време нејзиниот едногодишен син безбеден стоел надвор од базенот со безбедносен појас на себе.
Нејзиниот сопруг Мет ЛаРуса брзо дотрчал во дворот за да ѝ помогне, се обидувал да ја оживее сѐ додека не пристигне брза помош. Писателката веднаш била пренесена во болница, но по неколку дена ја изгубила битката за живот.
По нејзината смрт, семејството решило да ги донира нејзините органи, а една пријателка напоменала дека Хоган спасила најмалку четири животи.
– Во време кога човечката добрина е толку неопходна, ја изгубивме жената која токму тоа му го даваше на светот, но пишувањето на Шана ќе живее и понатаму. Животите што ги спаси и нејзината најголема креација – нејзиниот мал син – ќе живеат и ќе нè инспирираат – рекла Мајер.
Шана Хоган беше авторка на неколку криминалистички романи кои „Њујорк тајмс“ ги стави на листата на бестселери. Таа исто така работела како репортер за „East Valley Tribune“. Некои од нејзините најпознати романи се „Танц со смртта, слика совршена: Приказната на Џоди Ариас“, „Странецот што го сакаше“ и „Тајните на сопругата на маринецот“.