Холивудскиот глумец Мел Гибсон (64) бил позитивен на коронавирус во април, поради што една недела тајно бил во болница, пишува „Дејли телеграф“.
Гибсон лежел во болница во Лос Анџелес, а се наведува дека тој сега целосно закрепнал и дека се вратил на нормалното функционирање.
– Тој беше позитивен во април и помина во тајност една недела во болницата – се наведува во соопштението за ПР-службата на Гибсон.
Објавено е дека тој бил лекуван со лекот „ремдесивир“ за време на престојот во болницата и дека се чувствува добро.
– Тој беше лекуван со „ремдесивир“ за време на престојот во болницата. Тој беше тестиран неколкупати после тоа и беше негативен – е објавено во соопштението.