Фудбалската легенда Драган Џаиќ и прославената српска тенисерка Ана Ивановиќ се посватија. Имено, ќерката на Драган, Драгана (27) уште летоска со вери со братот на Ана, Милош, а сега се подготвуваат за свадба.
“ Драгана се всели во станот на Милош во Нов Белград пред неколку месеци. По веридбата не сакаа да чекаат свадба, туку Драгана си ги пренесе работите во станот на својот вереник. Сега се спремаат за свадба која сакаат тајно да ја организираат. Дури постои идеја таа да се направи во Црна Гора“ – изјави извор близок до младите.
Инаку, Драгана и Милош ги поврзало тоа што и двајцата биле многу амбициозни и вредни и не сакале да се потпираат на она што го зароботили нивните семејства.
Драган Џаиќ има уште една ќерка, Сања, додека Ана Ивановиќ е мажена со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер кој сега настапува во Чикаго. Тие го имаат единсетмесечниот син Лука.